Николоски: Која е улогата на Груби во криминалот во Лотарија и доделувањето на трите лиценци за онлајн игри на среќа?

Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред, посочи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4, Александар Николоски, денес е во посета на Гевгелија,

Од таму отвори тема, за која рече дека е поврзана со нивната сериозна одлука да ги испратат ДУИ во опозиција.

-Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред, посочи Николоски.