Мицкоски: Поставени контурите на рамката за коалицискиот потенцијал, луѓето на прво место
Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски.
1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.
Македонија ќе биде повторно твоја!, пишува Мицкоски во својата објава.