Министерката Петровска го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце (ВИДЕО)

Во скандалозна изјава на митинг на СДСМ министерката за одбрана Славјанка Петровска го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот кај Вејце во кој припадници на УЧК масакрираа 8 припадници на македонските безбедносни сили во 2001 година.

Според неа за масакрот не е виновна УЧК на Али Ахмети чии припадници ги убија и масакрираа македонските полицајци, туку ВМРО-ДПМНЕ кои и тогаш и сега сакале војна.

Инцидентот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.

Масакрот се случил на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.

Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.

Според Петровска за масакрот виновно е ВМРО-ДПМНЕ.