ТАЖНА ВЕСТ: Почина таткото на Тоше Проески

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Не присуствуваа ниту на концертот посветен на Проески кој се одржа во Скопје во 2018 година, а на кој настапи неговиот внук Кристијан, бидејќи, како што тогаш раскажа Славен, многу им е тешко и болката по сите изминати години не поминува ниту пак се намалува.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.