Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, во неа веројатно ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошски по вчерашното прегласување, на социјалните мрежи го објави официјалниот распоред во македонското собрание, како и коалицијата која веројатно ќе се формира за поддршката на владата.

Новата влада се очекува да се формира до 20 јуни, а во неа веројатно ќе учествуваат ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, напиша Милошоски на „Твитер“.

Според последните информации коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места.