Керќуки: Албанците од РМ „да ја спречат бурата на македонскиот фашизам“ и „да не дозволат ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт“!
„Познатиот новинар Леонард Керќуки преку објава на фејсбук реагираше во врска со изјавата на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, која побара формирање Меѓународен трибунал, суд за албанските злосторства во војната во 2001 година. Керќуки пишува дека ВМРО ДПМНЕ докажува оти е засрпска и заруска партија и дека само силна албанска партија може да му се спротивстави на таквиот македонски фашизам!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата вест со наслов „Керќуки: Предавањето на „Вреди“ пред ВМРО-ДПМНЕ го охрабри Мицкоски за фашистички и противалбански изјави!“. Инаку, Леонард Керќуки ги напаѓа не само Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, туку и македонскиот народ дека шират „бура на македонски фашизам насочен против албанскиот народ“. Тој ги повикува Албанците „да не ѝ дозволат на Македонија да го смени курсот на евроатлантските интеграции“, ниту „да му се дозволи и на ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт“, бидејќи „тоа не го сака и ниедна меѓународна инстанца! Оваа вџашувачки противмакедонски повик на Керќуки преку општествените мрежи е дотолку посериозен и поопасен, кога ќе се имаат предвид профилот и влијателноста на овој новинар. Тој е главен и одговорен уредник на весникот „Газета Експрес“ од Приштина и е автор и водител на многу гледаната емисија „Пресинг“ на косовската телевизија Т 7, во која во изминативе денови гостуваа редица главни и најпознати политичари од албанскиот етникум од Македонија, Косово и Албанија.
„Инфошќип“ ја пренесува целосната објава на Керќуки со сите негови наводи за „македонскиот фашизам“: За изборите во Македонија … Изјавата на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за создавање меѓународен трибунал за „злосторствата“ на Албанците во 2001 година, јасно говори за намерите на оваа засрпска и за заруска партија.
Оваа изјава уследи откако албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ се предаде без услови пред Мицкоски и ги охрабри него и сите оние Македонци, кои веруваат дека може да се врати некогашната ситуација во Македонија кога Албанците беа народ угнетен и земан низ нозе.
Само силна албанска партија може да ѝ се спротивстави на оваа бура на македонските фашисти и на нивните слуги заради власт – безусловно. Не постои ниедна меѓународна инстанца, која посакува угнетување на Албанците во Македонија, ниту ВМРО ДПМНЕ на власт. Секој што го кажува ова, му станува аргат на Мицкоски.
Албанците не треба да го дозволат засилувањето на ВМРО ДПМНЕ и да не дозволат Македонија да го смени курсот на евроатлантските интеграции!
Извор: Експрес.мк