Кацарска во гаража ја пречекал импровизиран кревет и кујнски нож забоден во прекинувачот за светло

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.