И владиката Петар вели дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

И за владиката Петар се неприфатливи трите барања на Вселенската патријаршија поставува за да ѝ доделат томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Се потврдило дека прашањето не било црковно, туку политичко, смета Митрополит Преспанско-пелагониски.

– Се виде дека нема никакви проблеми со каноничноста, туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, вели владиката Стефан во изјава што денес ја пренесе Сител.

Претходно ова го отки пред македонската јавност архиепискот охридски и македонски г.г. Стефан.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

Comments are closed.