Заев, Спасовски, Кирацовски, Вилма добија кривична пријава од Боки
Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски, Миле Зачевиќ, Вилма Русковска се најголемите политичари и обвинители против кои Бојан Јовановски поднесе кривични пријави до Обвинителството за организиран криминал, а денеска имаше и распит.
На распитот ги соопштил сите докази i сознанија против политичарите за кои поднесе кривични пријави, а дел ќе ги предаде на Обвинителството по писмен пат.
„Сите мои сознанија ќе бидат материјализирани со докази кои потекнуваат од мојот телефон којшто ми беше одземен при апсењето во случајот Рекет. Станува збор за повеќе кривични дела, злоупотреба на службената положба, злоупотреба на јавни набавки, изборни нерегуларности, незаконско финансирање политичка партија. Освен за злоупотреба на службената положба, обвинителката Вилма Русковска е пријавена и за тортура и примање поткуп“, кажа Јовановски.