ДСЗИ: НЕВАЛИДНИ СЕ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА, потпишани се само од Иљази
Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.
Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање – изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.
Таа најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа.
Организациската директо
Иљази увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор.
Иљази вели дека се обидува максимално да го реши овој проблем.
Испратив барање до Министерството за здравство на 28 февруари, кое беше прифатено. Исто така и до Министерството за финансии. Добивме дозвола од Министерството за здравство дека слободно може да се направат договорите, вели Иљази.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.
Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.
рка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази во изјава за албански медиуми вчера кажа дека Клиниката има потреба од 18-те вработувања што предизвикаа превривања во јавноста.