Димитриеска-Кочоска: Ќе формираме тело коешто ќе ги проверува трансакциите на функционерите, судиите, јавните обвинители – секој што работи спротивно на закон ќе одговара
„Додека го чекаме ние судството да се реформира, да се подобри или не знам што, ние имаме на располагање еден друг механизам, по еден друг закон, а тоа е законот којшто е во надлежност на Управата за јавни приходи и вели дека Управата за јавни приходи има право да ги контролира граѓаните на Македонија и да го контролира потеклото на имот. Е сега во таква ситуација си го поставувам прашањето зошто досега УЈП не проконтролира потекло на имот на функционери, на судии, на јавни обвинители, на сопственици на компании коишто работат на големи тендери со државата, па да видиме дали сите тие математики се совпаѓаат“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, во нејзиното гостување во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21 говорејќи за тоа дека, не само судството, туку и власта е крива за лошата ситуација во која што се наоѓа државата што се однесува на правдата.
„Не мора секогаш да го чекаме само судството да биде тоа. Да ги погледнеме првин бројките, да ги видиме и да видиме тогаш што ќе каже судството. Но треба да сработите, да дадете квалитетен предмет за потоа и судството да го продолжи понатаму. Судството има вина, има пропусти огромни и треба да се реформира, меѓутоа во еден дел треба да се види и како се подготвуваат ие предмети кога се доставуваат до судот“, додаде Димитриеска Кочоска.
Таа исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предвидува основање на тело кое што во континуитет ќе ги следи транскакциите на функционерите, судиите, јавните обвинители и бизнисмени коишто работат со државата.
„Покрај ова имаме исто така предвидено во коешто ќе учествува министерот за финансии, министерот за внатрешни работи, директорот на Финансиска полиција, на Царина, на УЈП, Организиран криминал и Управа за перење пари. Тоа тело ќе има задача во континуитет исто така да проверува трансакции и следи функционери, судии, јавни обвинители, бизнисмени коишто работат со државата, бидејќи фокус сега во моментов се тие“, истакна Димитриеска Кочоска и додаде:
„Да видиме. Кој работи во согласност со законите, тука нема што да зборуваме, секоја чест и за поздравување. Но да видиме што се случува и во другиот дел, кој не работи или работи спротивно на закон, ќе има постапки и за нив соодветни“.