Ден на македонскиот јазик – Власта се фали дека го заштити она што Бугарија сеуште го спори
Ден на македонскиот јазик. Пред избори власта се реши да се фали со значајноста на македнскиот јазик и што и колку направила да го заштити. Откако со Бугарија влегоа во преговори токму за јазикот, сега се фалат дека направиле се да го зиштитат.
Иако реалноста е дека официјална Софија продолжува со негирањето на овој факт. Македонсккиот јазик е признаен во речиси сите меѓународни организации и институции, но тој сепак останува проблем за официјална Софија која и натаму тврди дека бил дијалект на бугарскиот јазик. Ваквиот став на Софија е еден од многуте проблематични кои произлегоа од авантурата на власта на СДСМ и ДУИ кои заради преговори со ЕУ, на своја рака влегоа во преговори со Бугарија кои всушност го закочија патот на Македонија кон ЕУ. Целиот проблем произлезе од прифаќањето на Договорот за добрососедство и преговарачката рамка која стана услов на европскиот пат на државата.
И покрај сите проблеми, власта тврди дека македонскиот јазик бил заштитен и се повикуваат на договорот со Фронтекс кој е потпишан на македонски јазик. Сепак бројни експерти тврдат дека и претходно имаме потпишано договори на македонски јазик, кој никој не ги спорел.
Инаку на денешен ден во 1945-та година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Извор: ТВ Алфа