Грчката амбасадорка ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА ОТКАКО СИЛЈАНОВСКА КАЖА САМО МАКЕДОНИЈА БЕЗ СЕВЕРНА
Во Собранието денеска новата претседателка Гордана Силјановска Давкова положи свечена заклетва, во која ја изостави Северна и кажа дека ќе и служи на Македонија.
Грчката амбасадорка Филипиду демонстративно си заминала од собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при заклетвата од Претседателката Силјановска Давкова, објави пратеникот Антонијо Милошоски.
📍 Грчката амбасадорка Филипиду 🇬🇷 демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова @gogamkd 🇲🇰 pic.twitter.com/iRlNqYbWCh
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 12, 2024