Грција досега не исполни речиси ништо од Договорот од Преспа, власта на СДСМ и повеќе од договoреното
Грчките власти ја обвинија претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека со тоа што на свечената заклетва изговорила „Македонија“ а не „Република Ceверна Македонија“ го прекршила Договорот од Преспа.
Изговорањето на „Македонија“ на свечената изјава не е никакво прекршување на преспанскиот договор. Тој текст не е променет и членот 123 од важечкиот Изборен законик кој го изговара секој новоизбран претседател го содржи текстот на свечената изјава што претседателката го изговори.
Претседателката во кампањата јасно кажа и си остана на зборот дека нема да го применува новото име но оти ќе го почитува.
Според тоа, претседателката само се држела до законите.
Реагирањето на грчките власти е резултат на Договорот од Преспа од 2018 година. Со него беше променето уставното име на земјата и двете страни презедоа обврски.
Македонија исполни досега речиси сѐ, па дури и повеќе од договореното. Иако никој не го бараше,владата на Заев почна со преименување на сите институции кои го носат предзнакот „македонски“, како филхармонија, опера и балет, телевизија.
Во однос на важноста на веќе постоечките документи власта на СДСМ повторно одеше пред роковите предвидени во договорот.
Издавањето документи требаше да започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Кои преговори ги почна Македонија?
Што исполни досега Грција
Речиси ништо.Почнувајќи од најбаналните како што се паткоази на кои стои ФИРОМ или „Скопија“ па до ратификација на меморандуми во Парламентот.
Договорот со кој Грција го „чува“ македонското небо не е потпишан во Парламентот кај грчките авиони летаат над нас на „диво“.
Во грчкиот парламент веќе пет години се чуваат три меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.