Гордана Силјановска-Давкова денеска ќе стане претседателка на Македонија

Новоизбраната претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно со член 81 став 9 од Уставот на Република Македонија.

Седницата е закажана откако Државната изборна комисија (ДИК) објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и го достави извештајот до Парламентот.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски и го врачи Уверението на Сиљановска-Давкова за избран Претседател на Република Македонија, и во име на Комисијата и посака успешен мандат.

Свечената изјава ќе ја даде пред пратениците од стариот собраниски состав, по што ќе почне да тече нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Претседателската функција ќе ја преземе од Стево Пендаровски, нејзин противкандидат на овие и на претходните избори во 2019, кому мандатот му истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде шестиот претседател на државата и прва жена избрана на оваа позиција