Jaвното обвинителство поднесе мерки за претпазливост за Наумче Мојсоски и 12 лица од Агенцијата за млади и спорт за злоупотреби на ваучерите
Jавното обвинителство објави дека е поднесено барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот. Меѓу нив е актуелниот претседател Наумче Мојсоски како и лицата Д.Д и Д.К.
„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.
Државната комисија за спречување корупција пред повеќе од една година најави дека поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС.
Антикорупциска освен иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење најави дека ќе достави и иницијатива до Владата за утврдување одговорност кај нив, а до Управата за јавни приходи (УЈП) ќе иницира да изврши надзор на сите спортски објекти од аспект на користење на средствата што им се доделени по пат на ваучер-системот во периодот од 2020, 2021 и 2022 година.