ТЕЛО НА МРТВА 26 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНО ВО КУЌА КАДЕ БИЛА ПОД КИРИЈА ВО ШТИП – се претпоставува дека починала пред неколку дена!
Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.
Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.
Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.
Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.