Спасовски, а кој искористи најмногу од 27 април?
На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава. А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање: Кој најмногу искористи со настаните на 27 април?, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на носителот на листа на СДСМ Оливер Спасовски, кој ги нарече уставобранителите насилници.
Кој направи влада после овие настани?
Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?
Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?
Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?
Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.