Пред договор коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
Речиси е сигурна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција, најавија денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерите на Влен.
Покрај за Вреди, се остава отворена вратата и за ЗНАМ на Максим Димитриевски за парламентарното мнозинство да биде уште побројно. Се очекува поддршката за ВМР0-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ на парламентарните избори да биде зголемена.
Лидерот Мицкоски денеска потврди дека Влен како услов за коалицирање не ги поставил уставните измени.
Jaс не сум слушнал дека „Влен“ има таков услов.Тој услов го наметнува ДУИ барајќи сламка за спас-рече денеска Мицкоски. Народот кажа-идната коалиција во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ а во нејзе ќе биде и коалицијата „Влен“.Сакаме стабилно владино мнозинство со повеќе од две третини.
Изет Меџити нема дилема кој треба да биде во идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Албански партнер на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е само „Вреди“.
Африм Гаши е на сличен став.
Идниот мандатар мора најпрво да разговора со нас, за државата е најдобро во новата влада да има и претставник на Албанците.