Најнесмасните крадци во историјата на Македонија – УРНЕБЕСНО ВИДЕО ОД КРАЖБАТА НА СЕФ ВО ЦРНИЧЕ

Кражбата на сеф од банкомат поставен во маркет во скопската населба Црниче предизвика вистинска бура од реакции по социјалните мрежи.

„Најнесмасните крадци во историјата на Македонија. Ете што прави масовното иселување. Не останаа ни добри крадци во државава. Нема цена видеово“, пишува под видеото објавено на социјалните мрежи.

Иако грабежот се случи на 1 април, не станува збор за шега. На видеото јасно може да се забележи дека лицата доаѓаат со црвено возило и се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие едвај успеваат да го стават сефот во багажникот од возилото. Откако им поаѓа од рака тргнуваат, но по само 2-3 метри истиот паѓа на улицата, па тие се враќаат повторно да го подгинат. Ситуацијата е филмска, како оние од добрите комедии на кои се плаче од смеење.

Инаку, пред да дојдат со сефот крадците со автомобилот влетале во влезната врата на маркетот и ја скршиле.

Comments are closed.