Милошоски: Уште еден пораз на Академијата за судии и јавни обвинители
Вишиот управен суд вчера ја отфрлил жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, а која се однесува на приговорот на претседателската кандидатка Гордана Давкова.
Со тоа се запира постапката на полагање испити и засновање на работен однос на 130 судии и јавни обвинители.
Ова на фејсбук го објави пратеникот Антонијо Милошоски кој потсетува дека постапката се запира „заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институцијa“.