Апасиев: Подавам рака на ВМРО-ДПМНЕ да не ги внесеме Бугарите во Устав
Претседателот на Левица Димитар Апасиев од Битола порача дека на овие избори народот треба да избере помеѓу трите платформи: Софиската, тиранската и македонската платформа.
„Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава. Носителката на листа Јована Мојсоска дополнително истакна дека Левица подава рака до ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи промена на Уставот и да се стави крај на уцените кои водат кон федерализација на државата. На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката“, рече Апасиев.
Апасиев од Битола порача дека на овие избори народот треба да избере помеѓу трите платформи: Софиската, тиранската и македонската платформа.