Повеќе од илјада луѓе учествуваа на демонстрациите во северниот германски град во саботата, држејќи плакати со пароли како „калифатот е решението“ и повикувајќи на воведување на шеријатскиот закон. Толпата извикуваше „Алаху Акбар“ и „нема Бог освен Алах“.
Властите тврдат дека протестот бил организиран од луѓе блиски до организацијата наречена Муслиман интерактив, која ја отфрла демократијата и е класифицирана како екстремистичка од германските разузнавачки служби. Организацијата објави видео од митингот на Х со порака: „Не слушајте ги лажговците“.
„So gehorche nicht den Lügnern!“
Eindrücke aus der heutigen Demonstration in Hamburg pic.twitter.com/N7pRpcSgYg
— Muslim Interaktiv (@MInteraktiv) April 27, 2024
Според германските медиуми, лидер на организацијата е 25-годишниот Џо Ададе Боатенг, познат и како Рахим Боатенг, кој студира на Универзитетот во Хамбург. Боатенг има профили на Инстаграм и ТикТок, каде што споделува содржини поврзани со исламот насочени кон младите муслимани во Германија.
„Сосема е јасно дека сите исламистички активности мора да се решат користејќи ги можностите на нашата уставна држава. Верувам дека мора внимателно да ги разгледаме конкретните последици од она што го видовме таму“, рече Шолц. Тој додаде дека прекршувањето на законот мора да се гони.
BREAKING:
Hundreds of Islamists are demonstrating in Hamburg, Germany.
They are demanding that a caliphate is established in the country.
The organization behind the protest is called Muslim Interaktiv, and is monitored by the authorities but not banned pic.twitter.com/RISFYJEKAY
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 27, 2024
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера вети дека ќе преземе „остри мерки против исламистичката терористичка пропаганда и омраза кон Евреите“. „Ако сакате калифат, дојдовте на погрешно место“, рече таа.
Министерот за правда Марко Бушман посочи дека на оние кои не го признаваат уставниот поредок на Германија треба да им се ускрати правото да престојуваат во Германија. „Оној што го претпочита калифатот пред уставно-правната држава, може слободно да емигрира“, порача Бушман преку платформата „Икс“.
Директорот на полициската управа во Хамбург, Франк Шнабел, се бранеше од обвинувањата дека имало превид кога била дозволена саботната исламистичка поворка. „Нашиот устав, кога станува збор за правото на собирање и изразување мислења, им дозволува на екстремистите да протестираат“, рече Шнабел.
Властите во Хамбург во моментов испитуваат дали слоганот „Калифатот е решение“, со оглед на тоа што тоа е и повик за воведување на шеријатскиот закон, кој е против човековите права, може да биде кривично гонет.
Извор: КАнал 5