Aнкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и во февруари со двојна предност пред СДСМ во ИЕ 2 и ИЕ 6
Како наближуваат изборите, така станува се поконкретна и подоминантна популарноста на ВМРО-ДПМНЕ. Последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на Македонската радио телевизија ги обработуваше втората и шестата изборна единица. Епилогот е, ВМРО ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ во изборните единици два и шест
Според анкетата спроведена во февруари 19,5% од граѓаните во втората изборна единица би ја дале поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а 10,5% за СДСМ, потоа следат ДУИ со 6,9%, Европскиот сојуз за промени со 4,8%, движењето ЗНАМ 5%, Левица 4%, Алијансата за албанците 2%, ниту една 13,9%, не сака да каже 21%, а 12 % од испитаниците изјавиле дека не знаат или немаат одговор.
Во Шестата изборна единица во февруари најголема доверба од испитаниците има ДУИ со 17,5%, зад нив следи Европскиот сојуз за промени со 15,4%, ВМРО-ДПМНЕ има 8,5% доверба, Алијансата за Албанците 7,2%, СДСМ има 4% рејтинг, па следат Левица и ЗНАМ со по 1%, ниедна 16,6%, не сака да каже 22,9% и 5,4 од граѓаните анкетирани во февруари рекле дека не знаат или немаат одговор.