СЕ ЗАПЛЕТКУВА ПОТРАГАТА ПО 2-ГОДИШНАТА ДАНКА Уапсен полицаец од Бор, давал доверливи информации од истрагата по исчезнатото девојче
Сè уште нема информации на кого приведениот полицаец дал доверливи информации од истрагата по 2-годишната Данка Илиќ која исчезна во вторникот во населбата Банско Поље во Бор.
Полицаец од полициското одделение Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2), објави Данас.
Според срспкиот медиум, сè уште нема информации на кого дал доверливи информации приведениот полицаец.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во населбата Бањско Поље во Бор, а потрагата по неа влезе во четврти ден.
Две специјални екипи за спасување од урнатини, од Белград и Нови Сад синоќа пристигнаа во Бањско Поље и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред која во вторникот исчезна 2-годишното девојче, а со нив беше и куче Зиги, кое учествуваше во потрагата по исчезнатите во земјотресот во Турција.
Како што пренесуваат белградските медиуми, багери од утрово го отстрануваат шутот од дворот на куќата на семејството на исчезнатата Данка во Бањско Поље
Специјалистички спасувачки екипи од урнатините темелно го пребарале тунелот, подземните канали и шахтите и во таа прилика не се пронајдени траги, соопшти српската полиција.