Рејтингот на партиите покажува убедливо водство на опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ во ИЕ 1 и 5
Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува новата анкета на Институтот за Политички истражувања ИПИС Скопје која вечерва се емитуваше во емисијата Објектив.
Во изборна единица еден на прашањето “за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле речиси два пати повеќе испитаници отколку за СДСМ. Односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.6 проценти од анкетираните во месец март, додека за СДСМ само 11.3 проценти. ДУИ 6.8 проценти. Левица 5 проценти. Коалицијата вреди 5.4. движење ЗНАМ 2.9 проценти. Алијанса на Албанците на Зијадин Села 0.6 проценти. Додека за ниедна одговориле 13.4 проценти, додека не знаеле или немале одговори се изјасниле 12.2 проценти исто како и оние испитаници кои не сакале да кажат.
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност и во изборна единица пет. Имено, на истото прашање за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ во март има рејтинг од 22.8 проценти. СДСМ 13 проценти. ДУИ 7.3 проценти, Левица 3.2 проценти. Алијанса на Албанците 1.4 процент, додека пак коалицијата Вреди 2.5 проценти. Движење ЗНАМ има 2.8 проценти. За ниедна партија процентот се намалил од февруари 15.4 проценти на 13.5 проценти во март. Не сакале да кажат одговориле 22.4 проценти од испитаниците. Не знаат или не сакаат да одговорат 10.8 проценти од испитаниците.
Голем процент од граѓаните во изборната единица еден сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори.
На прашањето која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори. За ВМРО-ДПМНЕ во март се изјасниле 33.1 процент, додека за СДСМ само 10.1 процент од граѓаните. За ДУИ 6.4 проценти, додека пак за коалицијата Вреди се изјасниле 5 проценти. Левица 4.1 процент, Движење ЗНАМ 3 проценти, за Алијанса на Албанците се изјасниле само 0.5 проценти од граѓаните. Не знаеле или немале одговор 23.5 проценти. Ниедна партија сметаат 6.2 проценти, а не сакале да кажат 7.9 проценти од анкетираните граѓани.
На истото прашање во изборната единица пет и тука граѓаните сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ односно 33.5 процент од испитаниците одговориле позитивно, додека само 12.4 проценти од граѓаните одговориле дека тоа е СДСМ. За ДУИ се изјасниле 7.3 проценти, а за коалицијата Вреди 2.5 проценти. За Левица 3.4 процент, Алијанса на Албанците на Зијадин Села 1.2 проценти, Движењето ЗНАМ 3 проценти.
Не знаеле или немале одговор од петата изборна единица одговориле 21.8 проценти од испитаниците. За ниедна одговориле 6.4 проценти, не сакале да кажат близу 10 проценти.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски, а репрезентативен примерок во изборната единица еден на 1011 испитаници, додека во изборната единица пет на 1018 испитаници