Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.

Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.

МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.

Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.