Поранешна пратеничка од СДСМ: Не само што треба да замине во историјата, туку СДСМ треба да се избрише од политичката сцена
СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена, вели поранешната пратеничка од СДСМ Весна Ангелова, воедно и ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов.
После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:
– сдсм не направи апсолутно ништо добро за државата.
– сдсм ја напушти социјалдемократската определба
– сдсм ги направи македонците граѓани од втор ред
Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014.
Сдсм не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена, порача таа.