Пендаровски го помилувал водачот на „Барон“ нарко кланот кој се пука низ Скопје
Бедри Зекири, еден од водачите на нарко групата „Барон“ минатата година се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда.
Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година.
Нарко групата Барон на Зекири деновиве е во центарот на вниманието откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.
Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.
⚠️Друже @SPendarovski си го ставил на листата за помилување еден од лидерите на нарко картелот БАРОН 🤦♂️🤦♂️🤦♂️
Овој нарко картел е директно одговорен за пушкарањето по Скопје, а да не збориме што го преплавуваат градот со дрога 🤦♂️🤦♂️🤦♂️ pic.twitter.com/TqcXsasp8m
— Dimitrija (@5891kripta) March 4, 2024