На 8 мај овој народ ќе каже ДОСТА е
Црните кампањи на овие политичари против нивниот, нашиот народ не можат да им го исперат срамот, неработењето и криминалот. Тие се вистинското лице на СДСМ. Тие се вистинското лице на ДУИ. Е па имам една порака до овие политичари. Ви доаѓа крајот!
Крајот ви е запишан со датум – 8 мај 2024 година. И не се лажете дека ќе останете на власт. Не мислете дека ќе ви поминат некакви сценарија. Затоа што никој повеќе ништо не ви верува. Овој народ не може да ве гледа колку сте неспособни, овој народ не може да ве гледа колку многу крадете и овој народ знае дека треба да се стави крај на оваа катастрофа од Влада – истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи з одбраната и стратешките интереси на државата“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцираше:
На 8 мај знаеме дека овој народ ќе каже ДОСТА е.
Ќе каже доста ни е од кражби, доста ни е од непостоење на систем, доста ни е од потценување.
Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македоија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Да кажеме ова е твоја Македонија.
Не заборавајте. Оваа земја имала лидерства и претседатели кои оставиле огромна трага. Се покажало дека мораме и можеме.
Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа.Туку победа на секој еден човек на Македонија против естаблишментот кој не влече надоле. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња.