МАЛОЛЕТНИК ПРОБОДЕН КАЈ МАВРОВКА, сторителот веднаш приведен
Малолетник е прободен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, а сторителот е веднаш приведен. Инцидентот се случил денеска околу 13.30 часот.
Како што дознава „Република“, неофицијално, станува збор за меѓусебна кавга која ескалирала во оружена пресметка.
Инцидентот бил пријавен од случаен минувач во СВР Скопје, по што полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен. Неофицијало се работи за лица родени 2006 и 2007 година. Сторителот бил една година повозрасен од нападнатото момче.
Денеска околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, во близина на трговски центар „Мавровка“, малолетник од с.Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од с.Бојане, скопско, информираат од СВР Скопје за „Република“.
Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Во Полициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.