Живи фатени, на сред улица вршеле препродажба на дрога
Полициски службеници вчера во Струмица уапсиле 2-ца струмичани од кои еден дилер и еден купец на дрога.
„Вчера во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.М.(35) и А.Ч.(28), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај А.Ч. бил пронајден и одземен кокаин.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ се вели во соопштението на МВР