Димовски: СДСМ е идеолошки изгубена партија

СДСМ е идеолошки изгубена и непрепознатлива партија. Таа  е заталкана партија, вели лидерот на Социјалитичката партија Љупчо Димовски.

Кај нив нема ништо од идеологија, освен гол интерес и жед за власт. Тоа е партија која нема чувство и чувство за национална припадност. Се откажаа од асномска Македонија и НОБ  и не ја потврдија државотворноста на која толку се повикуваа-вели Димовски во интервјуто за „Република“.

Димовски пред некој ден во интервју за Алфа изјави дека овие избори се навистина од голема важност за иднината на македонската држава и иднината на македонскиот народ.

На осми мај ќе треба да се дојде до една пресвртница би рекол во историскиот континуитет на македонскиот народ во смисла на едно продолжување кое што ќе значи обезбедување на постоењето на македонскиот народ и на постоењето на македонската држава“, истакна тој.

Тој истакна со оваа актуелна власт се загрозени националните вредности.

„Јас исто така ги следам анкетите кои што се спроведуваат веќе скоро на дневна основа и сите тие резултати кои што ги добиваме ни влева уште поголем елан за да продолжиме и понатаму во следниот период таму каде што е потребно. А, врз основа на тие податоци кои што ги добиваме силно во себе сме убедени дека на осми мај ќе издвојуваме убедлива победа“, рече Димовски.