Голема акција во Струмичко, меѓу уапсените и поранешен градоначалник
Големо полициско присуство утрово во Струмичко.
Според информаците на „Република“, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница. По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.
Според информациите производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија но и пошироко во регионот.