Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е и укинувањето на балансерот при вработување
Времето на балансирање на кадрите по етнички клуч, за некој прво да биде Македонец, Албанец или Турчин, па потоа професионалец мора да заврши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран, рече лидерот на партијата, претставувајќи ја програмата „Платформа #1198“ во која укинувањето на балансерот е една од точките планирани во планот за уредување на политичкиот систем.
Целосно почитувајќи го уставниот принцип за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Македонија, ќе го напуштиме балансерот при вработувањата. На овој начин, првенствено ќе се почитуваат личните квалитети, стручноста, компетентноста и мерит системот при вработувањата во државните институции.