АВМУ: Осуда за говорот на претседателот на Левица Апасиев на „Фејсбук“
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува „крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук кој се однесува на телевизија Канал 5“.
Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања. Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред се во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници, реагираат од АВМУ.