„Ќе го затворале ТЕ-ТО оти бил руска инвестиција, ДАЛИ СЕ НОРМАЛНИ и во Германија има руски компании?’
Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција, и ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кој нашите енергетски експерти го окарактеризираа како “втор Чебрен)!, реагира Трајко Славески, на социјалната мрежа X.
Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека според Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна? Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1713 компании во руска сопственост.
Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.
ТОЈ ШТО БОГ РЕШИЛ ДА ГО УНИШТИ, ПРВО МУ ГО ЗЕМА УМОТ (Латинска поговорка)
(𝐐𝐔𝐎𝐒 𝐃𝐄𝐔𝐒 𝐕𝐔𝐋𝐓 𝐏𝐄𝐑𝐃𝐄𝐑𝐄, 𝐏𝐑𝐈𝐔𝐒 𝐃𝐄𝐌𝐄𝐍𝐓𝐀𝐓)Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција, и ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кој нашите… pic.twitter.com/XWX7HCHuJ3
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 6, 2024