ЈО постаппува по кривичните пријави за пасошите
Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Во интервју за „Слободен печат“, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.
За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.
Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија.