ТВ Клан доби Косовец за стечаен управник токму до крајот на изборите, сликан е со Груби

Телевизија Клан, чиј сопственик е акционерското друштво ТВ Клан од Албанија, доби нов управител. Тоа е косовскиот државјанин Фатон Шоши кој има мандат до 31 мај оваа година, датум, кој случајно или не, се совпаѓа со датумот на завршување на изборите.

Во централниот регистер е впишано дека ,,Управителот се именува за ограничен временски период од датумот на упис во Централниот регистер. Оваа телевизија ја поврзуваат со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби со кој Шоши има и фотографии

ТВ Клан пред два дена објави дека лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Информацијата беше поткрепена со фотографија од подземната гаража на седиштето на партијата. Истовремено, текстот беше испратен и на електронските адреси на другите медиуми.

Comments are closed.