Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Пријателот на Артан Груби, директорот на Лотарија Перпарим Бајрами вчера ги потврди договорите на Лотарија на ДУИ тешки 12 милиони евра за апарати за коцкање, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Но тоа што недостига од Лотаријата на ДУИ е одговор зошто во две недели во јануари, пред избори, се потребни договори од 12 милиони евра за машини за коцкање?

Тоа што Артан Груби и Перпарим Бајрами го забораваат а во системот на јавни набавки стои е дека од декември 2022 до декември 2023 Лотаријата на ДУИ има склучено 9 договори за машини за коцкање, сите по 500 апарати, значи вкупно 4.500 апарати, за речиси 7 милиони евра!

Со договорите вредни 12 милиони евра од јануари годинава, тоа значи дека Лотаријата на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање. Уште колку договори и се потребни на Лотаријата на ДУИ пред избори?

Почитувани СДС молчи и врти глава пред се за да ги домоли ДУИ за изборна коалиција. Дуото Груби- Бајрами до сега ја скандализираа Државна Лотарија во јавноста со владини уредби, со закуп на објекти од 2.5 милиони евра, со ангажирање на фирми со членови на УО на Лотарија, сега со 12 милиони евра за машини за коцкање.

СДС молчи и врти глава пред штрајкот на ФЗОМ, пред протестот на студентите, пред барањата на земјоделците, пред колапсот на образованието и на здравството, додека Државна Лотарија на ДУИ за 13 месеци има договори за 19 милиони евра за машини за коцкање.

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, порача Стоилковски.