Раководството на ЕСМ сака да ја затвори термоелектраната Осломеј преку криминални договори, илјадници луѓе ќе изгубат работа
На 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија, склучува криминален договор, од речиси 2 милиони евра, секако со омилениот бизнис партнер на власта, Борче Марковски, инаку почесен конзул на Белорусија во Република Македонија. Овој тендер се однесува на специјализирани браварско-заварувачки работи, за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Истиот има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност. Односно, 106 милиони и 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони и 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач, а тоа е Марковски. Очигледно Марковски има супер моќи и од една милионска цифра, точно до денар ја погодиле суматa – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението кое утрово е испратено стои дека истата компанија Марковски, од 2021 до денес, има добиено преку 163 милиони евра во тендери од Електрани на Македонија. Целта на раководството на Електрани на Македонија е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да ja изгубат сопствената работа.
Ова е чист грабеж на буџетот и граѓаните. ЈО мора да реагира веднаш, а не да молчи при очигледен криминал.
За сите инволвирани во овој случај ќе има одговорност за неколку месеци, граѓаните да бидат сигурни, дека одговорноста и правдата нема да изостане.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.