Османи „чепка“ по пасошите и личните податоци на граѓаните
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска престојува во Берн, Швајцарија, каде што во Амбасадата донесе дополнителна мобилна станица за фотографирање, за да се забрза процесот на издавање на парни исправи на нашите државјани, информираат од МНР.
Дополнителна мобилна станица за фотографирање, Османи вчера однесе во конзуларното одделение во Бон, Германија.
Во Амбасадата во Берн, покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денеска паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.
– Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи, истакна Османи.
Но, на социјалните мрежи се појавија фотографии во кои министерот на ДУИ чепка по личните документи на македонските граѓани, споротивно од Законот за заштита на личните податоци.