На Ковачевски и Спасовски ќе им плаќаме по 2.500 евра месечно апанажа уште година дена

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе земаат апанажа пренесува Блумберг Адриа.

Пред десетина дена, во речиси празната сала „Борис Трајковски“, дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата.

Според законот надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата. Со контроверзната одлука одлука на Уставниот суд кој одлучуваше по платите на фукционерите со кои им се зголемија за неверојатни 78%,  овие поранешни двајца носители на функции ќе земаат 156.482 денари- Ковачевски, додека Оливер Спасовски ќе зема 153.037 денари, односно плати кои ги земале додека ја извршувале функцијата.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.