Мицкоски: Со конституирање Изборен штаб ВМРО-ДПМНЕ утре ја почнува кампањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата утре ќе има конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, со што и официјално ќе ја почне кампањата.

Има оглас за избор на кандидат за претседател на државата на кој може да се пријави секој заинтересиран до 21 февруари и да биде дел од конвенцијата доколку ги исполнува условите, изјави Мицкоски.

Конвенцијата за избор на кандидат за претседател е на 2 март. Во моментов имаме оглас. Сите оние што ќе ги исполнат условите согласно огласот, до 21 февруари може да се пријават, рече Мицкоски.