Лефков: Седум години РЕК „Битола“ е непресушен извор за олигарсите на СДСМ и ДУИ
Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој што истакна дека 7 години РЕК „Битола“ е непресушен извор за олигарсите на СДСМ и ДУИ, а изминативе години има премногу скандали и сомнителни тендери поврзани со врхушката на власта.
Повторно, 46 милиони евра тендер за РЕК Битола, и тоа со распишани избори кога треба да излезете на избори, меѓутоа еве 7 години РЕК „Битола“ за жал е непресушен извор за олигарсите на СДСМ и ДУИ. 7 години имаше и претходно скандали што поврзуваа со нивни олигарси кои што ги земаа тендерите за ископ ова е веќе последниот скандал кој што ја прелива чашата, гледаме како од три компании е избрана токму онаа компанија кој што некако е поврзана токму со врхушката на СДСМ, се наметнува прашањето за кого ќе оди разликата во цената ако се има во предвид според документите кои што ги имаме дека од трите понуди прифатена е понудата на „Марковски компани“ која што изнесува 129, 7 денари по гига џул а постојат информации дека е дадена понуда од 100 денари односно 30 % разлика во прифатена цена, 30 % на 46 милиона евра останува прашање како е договорена оваа разлика и зошто е земен овој тендер. Меѓутоа рековме 7 години непресушен извор РЕК „Битола“ а дојдоа на власт со ветувања дека ќе биде набавена механизација и дека ќе бидат намалени трошоците на ископ а стотици милиони евра завршија за ископ и во сомнителни тендери за ископ на јаглен – истакна Лефков.
Лефков посочи дека има многу прашања и многу небулози во врска со законите кои што пристигнуваат во собрание и кои што се однесуваат на стратешките инвестиции.
Многу прашања и многу небулози во врска со законите кои што стигаат во собрание и кои што се однесуваат на овие стратешки инвестиции. За да добиете статус стратешки инвестициони проект тоа е регулирано со законот за стратешки инвестиции постојат определени критериуми. Постојат многу небулози најпрво компанијата која што се споменува „Метилинеос“ е друштво со ограничена одговорност која е регистрирана на 10 05 2022 и само за 16 дена се јавува на јавниот повик. Членот 3 од законот за стратешки инвестиции познава подружница на странска компанија а комисијата која што треба да одлучи дали ќе добие статус на стратешка инвестиција е составена од премиерот, заменик премиер 6 министри односно една висока владина постава. Тие според член 11 треба да го проверат портфолието бонитетот потенцијалот изминатото искуство а како ќе проверите изминато искуство на ново формирано, ново регистрирано друштво со ограничена одговорност на едно лице како што е „Метелинеос“ да не спомнуваме дека ќе добијат државна помош од 50 милиони евра. Да не спомнуваме дека имаат загарантиран откуп од страна на државата и тие ќе кажат без срам јавно на ТВ дека цената била конкурентна а е повисока од пазарната цена. Еден катастрофален проект од која страна и да го погледнете – истакна Лефков