И верните поддржувачи на СДСМ јавно на социјалните мрежи се откажуваат од нив!
На социјалната мрежа фејсбук се појави пост на извесен Александар Гајтан кој јавно, со целото негово пошироко семејство, се откажува од сите функции во СДСМ, се разбира со потенцирање дека нема да го добијат нивните гласови.
Во постот посочена е Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска како потпретседател на партијата за дозволување на сите манипулации и непромислени одлуки.
Постот завршува со „поздрав“ (ироничен), средба после 8ми мај и посакување среќа за претстојните избори!