Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на гробот на Гоце Делчев: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Владо Мисајловски, во состав од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, претседателот на Правна Комисија Панче Тошковски и пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес положи свежо цвеќе на гробот на Македонскиот великан Гоце Делчев, по повод 152 години од неговото раѓање.
Делчев е апостолот на Македонското револуционерно движење, човек кој својот млад живот го положил на олтарот на татковината за слободата на Македонија.
Без жртвата на Гоце Делчев, неговата посветеност во делото за ослободување и семето кое го засади во 1903, немаше да постои ниту 1944, ниту 1991.
Македонија се темели на жртвата на Гоце Делчев и сите негови претходници и соборци, како и тие кои инспирирани и водени од неговото дело ја продолжија битката за Македонија.
Битката за Македонија кои тие ја добија е наша обврска да работиме, државата која ја уништија да ја вратиме и воскреснеме.
Македонија може многу подобро од тоа што е денес. Македонија има нови деца во ликот на Делчев, кои на модерен начин ќе ја водат битката за Македонија, просперитетна и силна.