Вознемирувачко видео: 15-годишно девојче среде Скопје брутално претепано од соученички, заврши со тешки повреди

Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот, објави Слободен печат.

Девојчињата што ја претепале ја навредувале со погрдни зборови.

 

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми.

 

По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители.

Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан..

Случајот е пријавен во полициската станица Беко и кај Јавен обвинител.

Видеото согласно стандардите на Јутјуб е ограничено за возрасна популација поради тоа што содржи сцени на насилство.

https://www.youtube.com/watch?v=EJll4cvKa_c