Владата му ги поништи кадровските поместувања на Тошковски
Владата го разледа известувањето од МВР дека еднострано, со потпис само од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се донесени три наредби за кадровски поместувања/разрешувања, и оцени дека се тие без рамноправно одобрување и потпишување и од дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, како што предвидуваат правните акти.
Согласно тоа, Владата донесе одлуки за поништување на едностраните наредби донесени од министерот за внатрешни работи.