Чулев: Холандскиот амбасадор како меур од сапуница го разби имагинарниот проевропски фронт на ДУИ и СДС
„Или овие двајца коментираат друга средба меѓународна на која бил Ахмети или пак Османи и Груби се присилени да даваат коментар во градење на позитивна перцепција на таа средба“, истакна Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

Тој потенцираше дека холандскиот амбасадор дал прецизна слика за владеењето на ДУИ и СДС.
„Меѓутоа јас би потенцирал она што е најбитно дека холандскиот амбасадор и другите претставници на дипломатски конзуларни претставништа во Македонија во континуитет даваат хируршки прецизна и објективна слика за владеењето на ДУИ и СДС и на тој начин како меур од сапуница го разбиваат имагинарниот проевропски фронт на владејачката коалиција. Тоа е дека овие две партии практично не се залагаат за проевропски вредности и перспектива на државата туку дека се за класична криминална организирана банда која е метастазирана во сите сфери на општеството“, заклучи Чулев.